Дома Фудбал Италија Ернандез даде објаснување за ситуацијата со Леао која предизвика бурни реакции

Ернандез даде објаснување за ситуацијата со Леао која предизвика бурни реакции

Бурни реакции во јавноста предизвика ситуацијата во која Тео Ернандез и Рафаел Леао стојат подалеку на теренот додека Фонсека ги советува останатите соиграчи, а сега бекот се обиде да ја објасни ситуацијата.

Во медиумите се пишуваше за „војна“ помеѓу двете големи ѕвезди и португалскиот стратег, меѓутоа Ернандез вели дека немало ништо такво.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„На теренот бевме едвај две минути, немавме потреба од пауза за освежување. Немаме ништо против тренерот и тимот, едноставно немавме потреба од таа пауза“, изјави Ернандез.
Сличен беше ставот и на Фонсека.

„Нема никакви проблеми со Тео и Леао, не креираат никакви проблеми. Разговарав со нив изминативе денови, им го објаснив мојот избор и тие го прифатија. Не приметив каде стоea за време на паузата за освежување, но на теренот беа само две минути и не им требаше дополнителни совети од мене“, објасни Португалецот.

Инаку, Леао и Ернандез не беа стартери на овој дуел и на теренот влегоа во 70. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Драма за Колумбиецот: Родригез веќе неколку дена лежи во болница – еве што вели медицинскиот извештај

Капитенот на репрезентацијата на Колумбија Хамес Родригез (34) по натпреварот со Франција …