Дома Фудбал Ериксен: Тажни сме што Роналдо не е повеќе со нас

Ериксен: Тажни сме што Роналдо не е повеќе со нас

Плејмејкерот на Манчестер Јунајтед, Кристиан Ериксен ја коментираше разделбата со Кристиано Роналдо.

Ериксен истакна дека сите играчи се тажни за заминувањето на Роналдо и дека тој е среќен што имал можност да игра со Португалецот.

„Прво, ние сме тажни што Роналдо не е повеќе дел од тимот. Неговото постигнување во сите клубови каде што играше се специјални. За мене беше задоволство да играм со него. Во фудбалот е така, веќе на следниот меч луѓето забораваат што било претходно“, истакна Ериксен.

„Рашфорд се врати од Мундијалот со голема самодоверба која ја пренесе на целиот тим. Вчера играше одлично и треба да продолжи така“, додаде Данецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…