Дома Македонски спорт Мак ракомет ЕП У-19: Македонија ќе игра за да не биде последна

ЕП У-19: Македонија ќе игра за да не биде последна

Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз, шести по ред на Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Подобри од избраничките на Јулијана Дамчевска денес беа Исланѓанките со 35:29. Исланѓанките од самиот старт ја наметнаа својата игра и брзо си создадоа предност од 5:1, Македонија во продолжение успеа да се врати, дури и поведовме на двапати со 6:7 и 7:8. Но, се покажа дека тоа ќе бидат единствените моменти во кои имавме предност.

До крајот на првиот дел Исланд поведе со 20:15, а во вториот дел не успеавме посериозно да се вратиме во игра.

Најефикасна кај нас беше Анастасија Трпеска со шест гола, по пет постигна Стефаноска и Јанкуловска. Македониај со овој пораз се доведе во ситација да игра за избегнување на последното место на турнирот. Противник на нашите ракометарки ќе биде поразениот од дуелот помеѓу Србија и Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …