Дома Фудбал Енрике: Го чекаме господинот Килијан Мбапе да објави дека останува во ПСЖ

Енрике: Го чекаме господинот Килијан Мбапе да објави дека останува во ПСЖ

ПСЖ е во полуифиналето во ЛШ. По фантастичната игра и големиот пресврт, парижаните на Олимпискиот стадион во Барселона го победија домаќинот со 4:1 и на тој начин го надоместија поразот од 3:2 на Паркот на принцовите пред шест дена.

Натпреварот го коментираше тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, кој се осврна и на можното заминување на Килијан Мбапе од клубот, кое беше најавено на крајот од оваа сезона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Го започнавме натпреварот одлично, знаевме дека ова ќе биде натпревар со повеќе голови, бевме подготвени да примиме неколку гола. Не ни се ни приближија, но спектакуларната акција на Јамал донесе гол.

Останувањето на Мбапе во клубот? Сите чекаме да се огласи господинот Килијан Мбапе. Тогаш сите страни ќе дадат свое мислење. Јас морам да останам смирен додека секој го кажува своето. Како да сме во судница, а јас сум само еден од сведоците кои чекаат да бидат сослушани“, изјави Енрике за по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…