Дома Топ вести Емери сака „гранитна“ одбрана: Арсенал испратил понуда за – Давид Луиз!

Емери сака „гранитна“ одбрана: Арсенал испратил понуда за – Давид Луиз!

0
david luiz

Како што пренесуваат англиските медиуми, Арсенал започнал напад на искусниот дефанзивец на Челзи!

Клубот од „Емирати“ веќе доживеа големи промени. Венгер го напушти Арсенал, а на негово место пристигна Унаи Емери.

Потоа беше ангажиран и Стефан Лихштајнер кој пристигна од Јувентус како слободен играч, откако му заврши договорот со италијанскиот шампион. „Топчиите“ и понатаму работат на нови засилувања, а приоритет е одбраната.

Пер Мертезакер се повлече од активното играње фудбал, Лоран Кошчелни заработи тешка повреда и најверојатно нема да го видиме на теренот пред завршувањето на оваа година, па како единствена квалитетна опција останува Шкодран Мустафи кој и не прикажуваше така добри настапи во последниот период.

Се очекува да пристигне Сократис Папастапопулос од Дортмунд, како и 21 годишниот стопер на Фрајбург Џаглар Сојчу, но според медиумите сакаат уште една квалитетна опција и наводно веќе испратиле понуда за – Давид Луиз!

Поранешниот стопер на Челзи не се наигра минатата сезона имаше одредени несогласувања со Антонио Конте и се повеќе се пишуваше дека ова лето може да ја промени средината.

Сепак, понудата од 20 милиони евра која пристигнала на адреса на „сините“ била означена како премала, па од таборот на Челзи експресно ја одбиле. Но, очекувањата се во наредните денови „топчиите“ да испратат нова подобрена понуда.

Коментари
loading...
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо ја промени историјата: Го мина Пушкаш и стана најефикасен Европеец!

Кристијано Роналдо со голот против Мароко дојде до 85-от гол за Португалија и со тоа стана…