Дома Фудбал Емери потврди: Клубот работи на неколку трансфери!

Емери потврди: Клубот работи на неколку трансфери!

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери не сакаше да одговори на прашањето дали клубот е блиску до реализација на трансферот на Денис Суарез од Барселона.

Меѓутоа, Емери потврди дека клубот работи на неколку засилување кои се очекува да бидат реализирани до крајот на преодниот рок.

„Клубот продолжува да работи на неколку трансфери. Имаме проблеми поради повредите на Холдинг, Велбек и Белерин. Тоа е тешка ситуација. Клубот може да потпише со еден или двајца нови фудбалери кои ќе го подигнат нивото“, изјави Емери.

„Денис Суарез? Не сакам да зборувам за секој играч одделно. Знам само дека раководството преговара со неколку фудбалери“, додаде стратегот на „топџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту 150.000 евра не му ја отворија вратата: Гарсија остана без Динамо

Оскар Гарсија понудил да ја врати целата дотогашна заработка во Погон за да замине во Загр…