Дома Македонски спорт Елмас: Треба да се поправат уште некои работи за во квалификациите да бидеме на потребното ниво

Елмас: Треба да се поправат уште некои работи за во квалификациите да бидеме на потребното ниво

Македонската фудбалска репрезентација вчера ремизираше против Финска во првата контролка од двете закажани, следната е со Азербејџан в недела.

Македонија имаше негатива, а до реми дојдовме со голот на Енис Барди од пенал кој во второто полувреме го изнуди Алиоски. Елиф Елмас по натпревар потенцираше дека Македонија не е комплетна, но и дека некои работи треба да се поправат.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Нема никакви рани, тоа е дел од фудбалот, секогаш се случуваат такви работи. Но, треба да се поправаат уште доста работи, затоа сме тука, сите заедно, сплотени. Ни фалат исто играчи, како Адеми, Костадинов, но не е важно. Ние сме тука заедно да го дадеме максимумот и да ја однесеме Македонија на тоа ниво на кое треба да биде.

Ова беше еден контролен меч, според мене Финска е една многу добра репрезентација, знае да игра фудбал, така што беше еден добар натпревар, одигравме тоа што го бараше селекторот, но треба да се поправат уште некои работи за во следните квалификации од март да бидеме на посакуваното ниво“, изјави Елмас.

Овие две пријателски натпревари се последен тест за Македонија пред квалификациите за Европското првенство кои започнуваат во март.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…