Дома Фудбал Останато Елмас и Наполи со пресврт до голема победа во Варшава🎥

Елмас и Наполи со пресврт до голема победа во Варшава🎥

Наполи запиша голема победа против Легија во Лига Европа, а Вест Хем и Лион веќе обезбедија пласман во нокаут фазата.

Елмас беше во стартниот состав на Наполи, кој лошо го започна мечот и домаќините брзо стигнаа до предност од 1:0. Гостите создадоа неколку добри шанси во првото полувреме, но не успеваа да израмнат.

Во вториот дел Наполи апсолутно доминираше и стигна до голема победа. Зиелински од пенал, Мертенс, Лозано и Онас погодија за конечни 1:4.

Вест Хем одигра реми на гостувањето кај Генк (2:2), но тоа беше доволно за пласман во нокаут фазата. Лион со победата над Спарта Прага од 3:0 исто така обезбеди европска пролет.

Ајнтрахт запиша важна победа на гости кај Олимпијакос, а без победник завршија натпреварите Брондби – Глазгов Ренџерс, Галатасарај – Локомотив Москва, Реал Сосиедад – Штурм Грац и Монако и ПСВ Ајндховен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Сити решен за трансфер на Ензо Фернандез. Челси бара 140 милиони евра

Манчестер Сити сè уште не се откажал од Ензо Фернандез и покрај истекувањето на рокот кој …