Дома Останати Елиминиран и вториот фаворит за шампионскиот трофеј: Шведска на мегдан со Шпанија

Елиминиран и вториот фаворит за шампионскиот трофеј: Шведска на мегдан со Шпанија

Селекцијата на Шведска по драматичен финиш во продолженија обезбеди пласман во рамки на финалето од ЕП во ракомет во Хрватска, славејќи над Данска со 35:34.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Швеѓаните беа доминантни уште од самиот старт, па во некои моменти имаа разлика и до пет погодоци позитива. Така, на полувреме се замина со резултат 16:14 во корист на Шведска.

Данска пак, во вториот дел во финишот успеа да се доближи, па непосредно заедно со судискиот свиреж, Сван на Данска и донесе нова надеж во продолженијата,

Во продолженијата, Швеѓаните повторно започнаа подобро и по првите 5 минути имаа предност од 1 разлика, која што ја задржаа до самиот крај.

Шведска во недела во големото финале ќе игра против Шпанија, додека Франција и Данска ќе ги одмерат силите во натпреварот за 3. место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска ракометарка потпиша за францускиот прволигаш Париз!

Македонската ракометарка Марија Јанкуловска од следната сезона ќе ја продолжи кариерата во…