Дома Трансфер зона „Екип“ тврди: ПСЖ ќе го испрати Донарума на едногодишна позајмица

„Екип“ тврди: ПСЖ ќе го испрати Донарума на едногодишна позајмица

Италијанските и француските медиуми потврдија дека Џанлуиџи Донарума постигнал договор со ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи на „Паркот на принцовите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од најдобрите голмани во светот е слободен агент откако му заврши договорот со Милан, па ПСЖ ја победи конкуренцијата за неговиот потпис со најбогата понуда.

Донарума ќе потпише 5-годишен договор со ПСЖ и годишно ќе заработува 12 милиони евра.

Меѓутоа, еминентниот „Екип“ денес пласираше изненадувачка информација и тврди дека ПСЖ ќе потпише договор со Донарума, но веднаш ќе го испрати на позајмица.

„Светците“ неодамна го продолжија договорот со Кејлор Навас и сакаат и следната година тој да биде прв голман, но не сакаат да ја испуштат можноста да го донесат Донарума без пари, бидејќи има 22 години и претставува иднина на клубот.

ПСЖ е спремен да го испрати Донарума на едногодишна позајмица, а во пол позиција е Рома, а Жозе Мурињо веќе имал телефонски разговор со младиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…