Maнчестер Сити денес го одигра натпреварот против Вотфорд и на оваа средба изгледа дека „граѓаните“ „истурија“ целиот свој бес после поразот од Норвич во минатото коло.
Денес Сити победи со огромни 8:0.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Катастрофата на Вотфорд се најави уште во првата минута кога Давид Силва погоди после асистенција од Де Брујн. Веќе во седмата Агуеро од пенал зголеми на 2:0. За 3:0 се погрижи Ријад Марез во 12-тата, а три минути подоцна Бернардо Силва стрелаше за 4:0. За високи 5:0 на полувремето се погрижи Отаменди во 18-тата.
Со овие пет гола Манчестер Сити стана тимот кој најбрзо постигнал пет гола во историјата на Премиер лигата.
Голеадата продолжи на самото отварање на вториот дел, а стрелец на голот беше Бернардо Силва. Десетина минути подоцна Силва стигна и до својот трет гол.
Конечните 8:0 ги постави Кевин Де Брујн на пет минути пред истекот на регуларните 90.
За само еден гол Манчестер Сити не го стигна рекордот на Манчестер Јунајтед кој е тимот кој ја забележал најголемата победа во историјата на Премиер лигата од 9:0. Таа победа Јунајтед ја запиша во сезоната 1994/1995 против Ипсвич.