Дома Фудбал Останато Една од најголемите измами: Се претставувал како Марез, ширел лажни вести и добивал ВИП влезници за натпреварите на ПСЖ

Една од најголемите измами: Се претставувал како Марез, ширел лажни вести и добивал ВИП влезници за натпреварите на ПСЖ

marez

Секако, ќе следи и тужба.

Алижирскиот репрезентативец, Ријад Марез, се соочува со навистина интересен проблем. Имено, Алжирецот бил жртва на изманик кој на новинарите и медиумите, дури и оние најголемите успевал да им „протне“ лажни информации за кариерата на фудбалерот барајќи за возврат одредени услуги.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како воопшто стапил во комуникација со толкав број новинари не е баш јасно, но алжирскиот медиум „Ле Бутур“ наведува дека овој изманик на претставниците на медиумите им испраќал пораки преку популарната апликација „WhatsApp“. Toј успеал да ги убеди новинарите дека Марез преговора со Ливерпул кој во реалниот свет не бил ниту заинтересиран, дури во еден момент им „протнал“ и приказна дека фудбалерот се наоѓа во Барселона каде што чека да потпише договор со Каталонците.

Марез долго време не бил ниту свесен дека некој се претставува во негово име, но се станало јасно кога забележал дека еден новинар на друштвените мрежи ја убедувал јавноста дека за трансферот на Марез во Ливерпул зборувал директно со фудбалерот.

Следел телефоснки повик, по кој се било разјаснето. Идентитетот на изманикот се уште не откриен, но се знае дека живее во Франција, користи француски број и дека веројатно работи сам.

Тој секогаш за „ексклузивните“ информации барал и контрауслуги, како потпишани дресови или ВИП влезници за натпреварите на ПСЖ на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…