Дома Фудбал Останато Еден хамбургер за малку ќе му ја уништел кариерата на Азар (фото)

Еден хамбургер за малку ќе му ја уништел кариерата на Азар (фото)

0

Еден Азар денес е клучен играч на Челзи и белгиската репрезентација, а своевремено можел поради хамбургер да си ја уништи кариерата.

Во 2011, Белгија играше натпревар против Турција во квалификациите за ЕП 2012, плејмејкерот не блескаше на теренот, па беше повлечен од игра по 60 минути.

На Азар не му се допадна оваа одлука на тогашниот селектор Лекенс, па без да се поздрави со него директно се упати во соблекувалната. Потоа камерите го уловија како во еден ресторан во близина на стадионот јади хамбургер додека се уште трае мечот.

„Таа вечер направив голема глупост. Приказната за хамбургерот, често се шегуваме за ова, така станав легенда кај „ѓаволите“. И ден денес не можам да одолеам на сосот. Мајка ми кога доаѓа во Лондон секогаш ми носи“, изјави Азар.

Еден Азар сега се подготвува за убав јубилеј и натпреварот број 100 во дресот на Белгија.

„Не сум поставил цел. Секогаш сум велел дека ќе играм се додека моето тело го дозволува тоа. Но исто така зависи и од новата генерација на играчи. Доколку забележам дека некој млад играч го заслужува моето место, ќе заминам. Таков е фудбалот, постарите подзапираат, а младите притискаат. Кога пристигнав, сигурно му го зедов местото на некој друг“, истакна Белгиецот.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Генијално: Наполи со специјално видео го поздрави Сари (видео)

Маурицио Сари денес и официјално беше претставен како нов тренер на Јувентус, а неговиот п…