Дома Фудбал Еден од фудбалерите на тренинг-кампот на Ангеловски позитивен на Ковид-19

Еден од фудбалерите на тренинг-кампот на Ангеловски позитивен на Ковид-19

Од Фудбалската федерација на Македонина информираа дека на тренинг кампот кој го организираше селекторот Игор Ангеловски имало еден позитивен на Ковид-19.

Фудбалерот бил веднаш испратен во изолација, а останатите имале негативни тестови.

„Еден од повиканите фудбалери на тренинг кампот е позитивен на тестирањето за Ковид – 19.  Мерките за заштита беа испочитувани, т.е. веднаш по теститањето сите од тимот беа во изолација додека не стигнаа резултатите. Сите други (фудбалери, стручен штаб и логистика) имаат негативни тестови“, стои во соопштението на ФФМ.

Тренинг кампот е организиран со цел да се види дали некој од повиканите фудбалери може да се вклучи во А селекцијата. Кампот започна вчера, а ќе трае до 17. февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зафировска бара подобри услови: Масовноста не е доволна за одбојкарски напредок

Поранешната капитенка на Македонија предупредува дека интересот кај девојчињата мора да би…