Дома Останати Еден од најпознатите светски маратонци уапсен поради кршење на полицискиот час!

Еден од најпознатите светски маратонци уапсен поради кршење на полицискиот час!

Поранешниот светски рекордер и најпознатиот промотор на Скопскиот маратон, Вилсон Кипсанг Кипротич е уапсен во Кенија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


 Кипротич бил дел од група од дваесетина луѓе кои го прекршиле полицискиот час, па дури и конзумирале алкохол. Тоа се случило во градот Итен каде што често пати се собираат кениските маратонци.

Во Кенија на сила е полициски час ист како и кај нас од 21 часот навечер до пет часот наутро.

Покрај него во текот на изминатата недела во Кенија беа уапсени уште неколку атлетичари поради тренирањето во групи и покрај забраната за собири.

Кипротич има 30 години, а во кариерата освои бронзен медал на Летните Олимписки игри, а победи на маратоните во Њујорк, Токио, Лондон и Берлинг. Промотор на скопскиот маратон беше во 2014 година кога го означи стартот на трката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…