Дома Останати Ракомет Еден од милениците на скопската публика и освојувач на ЛШ со Вардар заминува во пензија

Еден од милениците на скопската публика и освојувач на ЛШ со Вардар заминува во пензија

Еден од најдобрите хрватски ракометари на сите времиња, Иван Чупиќ, по завршувањето на оваа сезона заминува во пензија.

Легендарниот 39-годишен крилен напаѓач на хрватската репрезентација и моментално ракометар на Загреб најверојатно во четврток ќе го одигра последниот натпревар во кариерата кога Загреб со победа против Нексе може да обезбеди нова шампионска титула.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Тоа е прв натпревар од плеј-офот со три победи, но се зема предвид и односот меѓусебни од регуларниот дел од сезоната. Загреб ги доби двата натпревари, па во пресрет на првиот плеј-оф натпревар води со 2:0 и му е потребна само една победа за шампионската титула.

Чупиќ кариерата ја започна во Метковиќ, а потоа играше во Медвешчак, Виго, Горње, Р.Н. Ловен, Киелце и Вардар каде што успеа да ја освои и титулата во Лигата на шампионите, а навивачите и денес го паметат како еден од милениците од тој состав на црвен-црните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

РФМ го закажа Изборното собрание на кое ќе се избира наследник на Мукаетов

На 1 март 2025 година со почеток од 12:00 часот во просториите на Советот на Град Скопје ќ…