Дома Фудбал Англија Еве како медиумите на Островот го претставија Барди на навивачите на Арсенал (ФОТО+ВИДЕО)

Еве како медиумите на Островот го претставија Барди на навивачите на Арсенал (ФОТО+ВИДЕО)

Од пред два дена македонскиот репрезентативец Енис Барди на големо се поврзува со англискиот премиерлигаш Арсенал.

Според она што се пишува во медиумите Арсенал за Барди веќе испратил официјална понуда од 20 милиони евра. Наводно Леванте бара пет повеќе, иако Барди има откупна клазула во договорото од 50 милиони евра.

Кога Барди веќе почна да се поврзува со Арсенал медиумите на Островот се решија и да го претстават на навивачите на „топџиите“.

„Фудбал Лондон“ наведе детали од неговата кариера истакнувајќи дека е мајстор за слободни удари и дека игра солидна сезона во Ла Лига.

Покрај најавите во медиумите веќе може да се пронајдат и видеа за „добредојде“ на Барди во Арсенал.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бартомеу: Чави еден ден ќе биде тренер на Барселона

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу призна дека Чави сигурно ќе биде тренер …