Дома Трансфер зона Евертон го сака голгетерот на Аталанта

Евертон го сака голгетерот на Аталанта

Евертон игра катастрофална сезона и се бори за опастанок во Премиер лигата, па сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок.

Приоритет е засилување на нападот, а прва желба е голгетерот на Аталанта, Дуван Запата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


31-годишниот Запата блескаше минатите сезони во Аталанта, но оваа сезона падна во втор план и има само еден гол во Серија А.

Поради тоа италијанскиот клуб е спремен да го продаде, а Евертон спрема понуда од 15 милиони евра.

Евертон оваа сезона има големи проблеми со реализацијата и постигна само 15 гола на 19 меча во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…