Дома Останати Евгениј Поп Ацев остана без Европско првенство – не бил пријавен!

Евгениј Поп Ацев остана без Европско првенство – не бил пријавен!

0
pop acev

Човекот кој е најдобар пливач во овој момент во Македонија, Евгениј Поп Ацев, нема да биде дел од Европското првенство во Глазгов.

Очекувањата беа токму Поп Ацев да биде единственото име од нашата земја, но следуваше огромно изненадување – не се најде на списокот учесници!

Тој во Глазгов требаше да учествува во две дисциплини, трките на 10 и 25 километри.

Како и што самиот откри, нема да учествува само затоа што не бил пријавен.


Следете го Sportski.mk и на


„Чуствувам обврска да ја објаснам сегашната ситуација околу Европското Првенство во Глазгов. Во февруари ја исполнив нормата дадена од ПФМ за настап на Европското првенство и во изминатата година целата моја енергија, фокус, тренинг и мотивација беше за овој настан. До последен ден добивав лажни информации од ПФМ и верував дека мојот настап е во ред. Може да замислите колку беше разочарувачки и тажно за мене кога со веќе половина спакувана торба видов на стартната листа (пред само два дена) дека моето име не е таму. Имам едно објаснување од ПФМ (нема ни да се осмелам да го објаснувам зашто е патетично и понижувачко) и сосема спротивно од ЛЕН, која вели дека мојата Федерација не пратила пријава воопшто.

За тие кои ме познаваат или кои се натпреварувале на интернационално ниво ќе разберат дека моите разочараност, огорченост и болка нема зборови за да се опишат. Уште поболно е дека луѓето одговорни за оваа ситуација се натреварувале на исто ниво и се свесни колку ми значеше настапот на ова првенство и колку можев да постигнам. Мислам дека тешко ќе му биде на секој нормален човек да си објасни зашто ова ми го направија и до последен момент ме лажеа, но ако некој знае слободно нека ми пише или нека ми се јави. Сметам дека ниеден спортист не заслужува и не треба да го доживее ова и затоа решив јавно да ја споделам вистината“, гласи обраќањето до јавноста на македонскиот најдобар пливач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познат и десеттиот учесник во СЕХА: Лигата доби екипа од Романија!

Извршниот одбор на СЕХА Газпром лигата го реши прашањето за десеттиот учесник на регионалн…