Дома Останати Кошарка НБА Дoнчиќ одличен, Дејвис и Леброн незапириливи, 32 поени на Јокиќ не беа доволни (ВИДЕО)

Дoнчиќ одличен, Дејвис и Леброн незапириливи, 32 поени на Јокиќ не беа доволни (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни девет натпревари.

Кошаркарите на Далас на гости го победија Орландо со 122:106, а уште еден фантастичен натпревар одигра Лука Дончиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенскиот кошаркар успешно се опорави од повредата и во стил се врати на паркетот. Далас успеа да слави во Орландо благодарение на фантастичниот настап на Дончиќ. Дончиќ го водеше Далас со учинок од 33 поени, 10 скокови и 8 асистенции. Покрај него Макси Клебер уфрли 26 поени. Во екипата на Орландо расположен беше Еван Гоурниер со 28 поени, еден помалку постигна Никола Вучевиќ.

Лејкерси стигнаа до триумф против Мемфис со резултат 117:105. До победата беа предводени од одличниот тандем Џејмс – Дејвис. Леброн натпреварот го заврши со 32 поени, седум асистенции и три скока, додека Дејвис додаде 28 поени, 13 скокови и 4 асистенции. Кај Мемфис најефикасен најдобар беше Џош Џексон со 20 поени, Џа Морант го заврши натпреварот со 17 поени.

Никола Јокиќ одигра одличен натпревар за Денвер против Оклахома, меѓутоа неговиот тим запиша пораз од Оклахома со 113:101. Јокиќ имаше учинок од 32 поени, 7 скокови и 5 асистенции. Во редовите на Оклахома најдобар беше Крис Пол со 29 поени, 4 скока и 5 асистенции. Треба да се истакне и настапот на Адамс кој успеа да забележи дабл-дабл со 19 поени и дури 17 скокови.

НБА резултати:

Орландо – Денвер 106:122

Вашингтон – Кливленд 108:113

Њујорк Никси – Индијана 98:106

Торонто – Феникс 118:101

Минесота – Бостон 117:127

Оклахома – Денвер 113:101

Јута – Сан Антонио 104:113

Лејкерси – Мемфис 117:105

Портланд – Њу Орлеанс 115:128

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…