Дома Фудбал Лига на шампиони Дуел на најубиствените напади на „Енфилд“: Еве што вели статистиката!

Дуел на најубиствените напади на „Енфилд“: Еве што вели статистиката!

Ливерпул и Пари Сент Жермен, кои денес ќе ги одмерат силите во првото коло од Лигата на шампиони, според многумина ги имаат „најсмртоносните“ напади на денешницата.

Атоското трио на Клоп составено од Мохамед Салах, Роберто Фирмињо и Садио Мане, ќе се испрати против „трио-фантастико“ на ПСЖ, Нејмар, Кавани, Мбапе.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еве што вели статистиката за овие величенствени напаѓачи и за нивното претставување во последната година:

Од август 2017 година со сега Салах, Фирмињо и Мане постигнале вкупно 99 гола во 165 меча, тука влегуваат и неверојатните 46 гола во 57 меча постигнати од Египќанецот.

Иако звучи неверојатно, но триото на ПСЖ е уште поефикасно. Статистиката вели дека Нејмар, Мбапе и Кавани постигнале 100 гола на 132 меча. Триото на ПСЖ има и три асистенции повеќе од колегите од Ливерпул – 45 против 42.

Во однос на креирани шанси за гол „црвените“ се подобри од „светците“ со однос 280 против 248. Тие се во предност и во бројот на испратени удари кон противничкиот гол 505 против 448.

Кога станува збор за дриблинзите, триото Нејмар, Кавани, Мбапе е поуспешно од триот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Интер ја менува стратегијата со Инзаги

Се очекува тренерот на Интер, Симоне Инзаги да го продолжи договорот, а раководството на к…