Дома Фудбал Англија Драма во дербито: Цел „Етихад“ прослави победа, а тогаш се „јави“ ВАР! (ВИДЕО)

Драма во дербито: Цел „Етихад“ прослави победа, а тогаш се „јави“ ВАР! (ВИДЕО)

Манчестер Сити во второто коло од англиската Премиер лига го пречека Тотенхем, а во одличен натпревар освои само бод (2:2).

„Граѓаните“ во првото коло покажаа моќ, постигнаа пет голови на гостувањето кај Вест Хем, меѓутоа во натпреварот против Тотенхем работите беа поинакви, што се и очекуваше.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сити поведе со голот на Стерлинг во 20-тата минута, меѓутоа само три минути подоцна Ерик Ламела постигна гол за 1:1.

Во 35-тата минута ново водство на Сити. Де Брујн ја запиша втората асистенција, овој пат во улогата на стрелец беше Серхио Агуеро.

Сити напаѓаше, но не успеа да дојде до победа, па остана Ливерпул и Арсенал на табелата кои имаат по шест бодови. Прилика да биде има уште Манчестер Јунајтед кој за два дена му гостува на Вулверхмптон.

Најголемата драма ја видовме во самата завршница од натпреварот кога Габриел Хесус погоди за 3:2. Сите на стадионот го прославија погодокот, меѓуто после неколку моменти следуваше реакција на ВАР. Голот беше поништен затоа што Лапорта играше со рака пред Хесус да ја погоди мрежата.

Оваа одлука беше причина фудбалерите на Сити после завршувањето на натпреварот да протестираат кај главниот судија, па не е исклучен некој од нив да заработи и некаква казна после прегледувањето на се што се случувало.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…