Дома Останати Ракомет Драматичен крај: Порто за „влакно“ се извлече од пораз – Борко беше ФАНТАСТИЧЕН! ?

Драматичен крај: Порто за „влакно“ се извлече од пораз – Борко беше ФАНТАСТИЧЕН! ?

Вечерва Вардар играше против Порто во Лигата на шампионите.

Од самиот почеток и Митревски кај Порто и Борко кај Вардар беа одлични на голот. Митревски започна со одбранет зицер на Чупиќ, а во продолжение имаше уште неколку одлични интервенции.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 По почетното играње гол за гол со одбрани на двете страни Порто првпат се одлепи кон средината на полувремето кога направи предност од 4:8. Меѓутоа Вардар не се предаде следуваа одбрани на Борко, дури и еден негов гол, па на десетина минути пред крајот црвено-црните дојдоа на -1 (8:9).

Тука одново следуваше нешто полоша игра на македонскиот тим, па Порто пак отиде на +3 (8:11).

За ново враќање на Вардар одново на сцена стапи Борко. Повторно одбрани неколку удари, а постигна и втор гол, па Вардар изедначи на 11:11.

До крајот во финишот Борко постигна и трет гол, а Вардар имаше 13:12.

После првиот дел најефикасни во Вардар беа Борко Ристовски и Марко Вујин со по три гола, додека по два имаат Чупиќ, Дибиров и Јотиќ, а еден постигна Талески. Во Порто три гола имаше Магаљаеш.

На стартот од вториот дел Вардар дојде до предност од еден гол. Тоа беше предноста (еден гол) која ја имаше и во најголемиот дел од вторите 30 минути. Митревски и Борко продолжија со одличниот настап, се бранеа удари и на двете страни.

Во на 12 минути до крајот Порто стигна до прво водство во второто полувреме, но Вардар веќе во следниот напад изедначи (21:21). Талески промаши зицер за Вардар да се врати во водство.

По промашувањето на Талески следуваа два гола на Порто за водство на португалскиот тим од 21:23. Резултат со кој се влезе во последните осум минути од натпреварот. На пет минути до крајот Порто имаше напад за плус 3, но Борко одново стапи на сцена со две одбрани. Наредниот напад Вардар го искористи за да дојде до минус 1 (23:24).

На две ипол минути до крајот Вардар преку Дибиров дојде до изедначување. Одбраната на Вардар предводена од Борко во последните минтуи беше на навистина високо ниво. Борко запиша нова одбрана, а Вардар преку Чупиќ дојде до предност на 30 секунди до крајот (25:24). Во финишот Порто со еден по малку среќен гол дојде до реми (25:25)

Треба да споменеме дека Борко покрај одбраните натпреварот го заврши и со четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…