Дома Фудбал Репрезентации Драговиќ: Знаеме која е слабата точка на Македонија

Драговиќ: Знаеме која е слабата точка на Македонија

Македонија на Европското првенство во недела ќе дебитира против Австрија, а репрезентативецот Александар Драговиќ смета дека неговата селекција знае како против Македонија.

Драговиќ смета дека не треба целото внимание тие да го насочат кон Пандев.

„Пандев е топ напаѓач од светска класа, нема брзина, но има голема интелигенција и чувство гол. Секогаш е опасен кога е во блзиина на голот. Но, сигурно дека ние нема целосно да се фокусираме само на него. Занеме која е слабата точка на Македонија и ќе се обидеме да ја искористиме. Македонија гради напаѓачки акции со тројца во средина, а така се остава празнина пред голот. Ќе се обидеме да правиме брзи контри штом ќе ја освоиме топката“, изјави Драговиќ.

Натпреварот помеѓу Австрија и Македонија се игра на 13. јуни од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…