Дома Топ вести Дортмунд со ултиматум до Манчестер: Ако го сакате Санчо имате рок до 10 август

Дортмунд со ултиматум до Манчестер: Ако го сакате Санчо имате рок до 10 август

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо ќе биде една од најжешките теми на трансфер пазарот ова лето.

Манчестер Јунајтед веќе неколку месеци покажува голем интерес за Англичанецот, но „милионерите“ не сакаат да прават отстапки околу цената.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред неколку дена од Дортмунд порачаа дека тој што го сака Санчо ќе мора да плати 100 милиони евра, во спротивно сите други понуди ќе бидат одбиени.

Санчо и оваа сезона блескаше во дресот на „милионерите“ и постигна 20 гола и запиша 20 асистенции во сите натпреварувања.

„Црвените ѓаволи“ се уште калкулираат и не испраќаат понуда, а Дортмунд денес му постави ултиматум на англискиот гигант.

Имено, „милионерите“ порачаа дека 10 август е краен рок за реализација на трансферот, после тој датум нема да разгледуваат никакви понуди за Санчо.

Останува да видиме дали Јунајтед има финансиска моќ и желба да го реализира трансферот, а за тоа има уште еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…