Дома Македонски спорт Дориев: Секогаш сум спремен да одговорам на повик за националниот дрес

Дориев: Секогаш сум спремен да одговорам на повик за националниот дрес

Фудбалерот на Шкендија, Љупчо Дориев беше еден од оние фудбалери кои дополнително добија повик од селекторот Игор Ангеловски.

За Дориев ова не е дебитантски повик, тој дебитираше со Лихтенштајн во 2017 година, а имаше и уште неколку повици. Сепак подолго време беше надвор од репрезентацијата.

По повикот после подолго време Спортски.мк го контактираше Дориев кој истакна дека е среќен и секогаш спремен да одговори на повикот за националниот дрес.

„Среќен сум што повторно ќе бидам дел од националниот тим. Без разлика кога и да е ја сум спремен да одговорам на секој повик во националниот дрес“, ни изјави Дориев.

Фото: КФ Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Видал направи глупост поради која и Интер му го врти грбот

Фудбалерите на Интер синоќа се поразени на свој терен од Реал Мадрид (0:2) и со тоа скоро …