Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ скромен во победата на Далас, трипл-дабл на Дејвис за Лејкерс 🎥

Дончиќ скромен во победата на Далас, трипл-дабл на Дејвис за Лејкерс 🎥

Во изминатата вечер во НБА лигата се играа шест натпревари. Тимот на Далас стигна до победа на гости кај Филаделфија од 102:118.

За своите стандарди Лука Дончиќ одигра скромен натпревар во кој постигна 19 поени, осум скока и три асистенции. Одличем по враќањето од повреда беше Кајри Ирвинг кој уфрли 23 поени. Кели Убре на спротивната страна беше најефикасниот со 19 поени.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Лејкерс изминатата вечер стигнаа до третата победа во низа славејќи на гости кај Шарлот со 118:124. До победата Лејкерс ги предводеше Ентони Дејвис од трипл-дабл од 26 поени, 15 скока и 11 асистенции. Мајлс Бриџис во редовите на поразените постигна 41 поен.

Од останатите натпревари: Кливленд беше подобар од Сакраменто со 136:110, Голден Стејт на гости кај Бруклин славеше со 98:109, ЛА Клиперс славеа кај Атланта со 144:149, доидека Њу Орлеанс на свој терен го победи Торонто со 138:100.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Наполи

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…