Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ по поразот: Јас сум виновен…

Дончиќ по поразот: Јас сум виновен…

Кошаркарите на Далас не успеаa да ја завршат финалната серија на Западот на домашен терен, бидејќи беа поразени од Минесота со 105:100 и сега е 3:1 во серијата, која се сели во Минеаполис.

Лука Дончиќ кој блеска во текот на целата сезона се обвини за поразот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Јас сум виновен за поразот, едноставно не дадов доволно енергија“, кратко објасни Дончиќ, а потоа додаде:

„Победија еден натпревар. Наше е да се концентрираме на следниот“, изјави репрезентативецот на Словенија кој постигна 28 поени, 15 скока и 10 асистенции.

Иако Дончиќ се обвини и Кајри Ирвинг не беше на потребното ниво за разлика од претходните натпревари. Постигна 16 поени со 6/18 шут од игра и имаше четири загубени топки. .

„Лука не е сам во ова“, изрази солидарност Ирвинг и додаде:

„Очекував да каже нешто такво, особено затоа што знам колку се грижи и колку сака да победи, да ја води оваа група. Не очекував ништо помалку“, додаде Ирвинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Официјално: Најбараниот дефанзивец потпиша за Манчестер Јунајтед

Сагата за иднината на францускиот дефанзивец Лени Јоро заврши и денес стави потпис на дого…