Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ по поразот на Далас ги критикуваше судиите

Дончиќ по поразот на Далас ги критикуваше судиите

Кошаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ по натпреварот со Бостон изјави дека неговиот тим нема да престане да верува во победа, но додаде дека и судиите мора да бидат подобри во продолжението од серијата.

Прес-конференцијата Дончиќ ја отвори со критика за самиот себе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се трудам да играм што е можно подобро и ќе морам да играм подобро“, започна Дончиќ.

Тој додаде дека неговиот тим имал шанса за пресврт, како и дека му е жал што го пропуштил крајот на натпреварот поради шест прекршоци.

„Имавме добра шанса да се вратиме и бевме блиску. На крајот не успеавме. Би сакал да бев на теренот во завршницата“, изјави Дончиќ.

Новинарите најмногу ги интересираше ставот на Дончиќ за судењето.

„Не знам. Не ни дозволија да бидеме физикални. Не сакам да зборувам премногу за судењето, но кога ќе добијам шест вакви фаули во финалето, тешко е да не коментирам. Судиите мора да бидат подобри отколку што беа досега“, додаде словенечкиот кошаркар.

Следниот натпревар помеѓу Далас и Бостон е закажан за ноќта меѓу петок и сабота со почеток во 2:30 часот по средноевропско време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ново засилување за Вардар: Пристигна португалски голман!

Во новата сезона на голот на Вардар како засилување доаѓа искусниот Мигел Еспиња Фереира (…