Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ не помогна на Далас во дербито со Спарси, Клиперси и Детроит одиграа натпревар со 255 поени 🎥

Дончиќ не помогна на Далас во дербито со Спарси, Клиперси и Детроит одиграа натпревар со 255 поени 🎥

Кошаркарите на Сан Антонио се вратија на победите после серијата од пер порази.

Сан Антонио го доби тексашкото дерби со Далас Маверикс славејќи со минимални 117:119. Очекувањата дербито ги оправда во целост, двете екипи играа атрактивна кошарка и до самиот крај се бореа за победата.

Спарси во своите редови го имаа расположениот Дерозан кој броеше до 33 поени. Во редовите на Далас најефикасен беше Порзингис со 31 поени, Дончиќ го заврши натпреварот со 29 поени.

Одличен натпревар со постигнати вкупно 255 поени одиграа Клиперси и Детроит. На крајот Клиперси славеа со 131:124 и така ја продолжија борбата за лидерската позиција на западот. Предводници на Клиперси беа Морис со 33 поени и шест скока, како и Џорџ со 32 поен ии 9 асистенции. Во редовите на Детроит се истакна Џексон со 26 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Њу Орлеанс 109:116, Орландо – Милвоки 87:124, Далас – Сан Антонио 117:119, Мемфис – Индијана 125:132, Минесота – Чикаго 121:117, Њујорк – Торонто 102:96, Клиперси – Детроит 131:124, Портланд – Мајами 98:107.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Доказ дека Роналдо си заминува од Јувентус🎥

Иднината на Кристиано Роналдо во Јувентус е неизвесна и се погласни се шпекулациите дека ќ…