Дома Кошарка Дончиќ е чудо: Поради Словенецот ова момче ја победува епилепсијата!

Дончиќ е чудо: Поради Словенецот ова момче ја победува епилепсијата!

Лука Дончиќ освен што игра неверојатна кошарка уште еднаш го покажа и своето големо срце.

Дончиќ со 31 поен го предводеше Далас до победа против Бруклин, а на трибините повторно преовладуваше воодушевување поради Словенецот кој игра во МВП форма.

Лука кој се повеќе го обожаваат во Далас, но и ширум светот не можеше вчера да не го забележи транспарентот на едно момче.

„Докторот ми кажа дека гледањето на Лука Дончиќ ми помага при епилепсијата. Веќе девет месеци не сум имал напад“, пишуваше на транспарентот.

Со овој потег младото момче брзо се најде во светските медиуми. Освен тоа Лука во текот на згревањето побара момчето да дојде до паркетот и си доби подарок од Словенецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Без клуб по Црвена звезда, Грејем сега се појави како Џокер

Девонте Грејем не ги оправда очекувањата во Белград, а додека е без ангажман, вниманието г…