Дома Кошарка Дончиќ дојде до трипл-дабл, но Далас изгуби од Оклахома 🎥

Дончиќ дојде до трипл-дабл, но Далас изгуби од Оклахома 🎥

Кошаркарите на Оклахома славеа гости во четвртиот меч против Оклахома со 96:100 и така израмнија во серијата.

Дончиќ и друштвото уште во првата четвртина дојдоа до двоцифрена разлика од 14 поени и се до полувремето успеваа одржат солидна разлика, а на стартот на вториот дел одново дојдоа до тие „плус 14“.

Оклахома успеа да се врати во завршницата од третата четвртина, меѓутоа и понатаму бркаше негатива од два-три напади. Одлучувачки моменти беа последните кога Оклахома успеа да направи пресврт. Во последните моменти во центарот на вниманието беа слободните фрлања, а Оклахома успеа да дојде до триумф.

Шеј Гилџус-Александер со 34 поени беше најефикасен, додаде и осум скока. Од друга страна кај Далас Вашинтон запиша дабл-дабл од 21 поени и 12 скока. Дончиќ натпреварот го заврши со трипл-дабл од 18 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Сега серијата се сели во Оклахома за петтиот меч кој се игра ноќта помеѓу среда и четврток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кој ги кочи засилувањата во Макаби? Диц возврати на обвинувањата на Гершон

Малцинскиот сопственик Ричард Диц негира дека го забавува ангажирањето нов кошаркар и тврд…