Дома Фудбал Италија Донарума става потпис на договор вреден 30 милиони евра!

Донарума става потпис на договор вреден 30 милиони евра!

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Донарума со Милан истекува во 2021 година, па ова лето мора да биде решена иднината на младиот голман – или ќе потпише нов договор или ќе биде продаден.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Донарума донел одлука и сака да остане во Милан, а двете страни се блиску до договор.

Имено, Донарума наскоро ќе стави потпис на нов договор со кој ќе се обврзи на верност кон „росонерите“ до 2025 година. Голманот годишно ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Милан успеа да го убеди неговиот агент Раиола во договорот на Донарума да нема откупна клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голема победа на Шведска против Тунис во првото коло на СП

Во мексиканскиот Монтереј, Шведска убедливо го победи Тунис со 5:1 во вториот натпревар од…