Дома Фудбал Донарума останува во Милан: Познати деталите од новиот договор

Донарума останува во Милан: Познати деталите од новиот договор

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.

Договорот на Донарума со Милан истекува во 2021 година, па ова лето мора да биде решена иднината на младиот голман – или ќе потпише нов договор или ќе биде продаден.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Донарума донел одлука и сака да остане во Милан, а двете страни се блиску до договор.

Имено, Донарума наскоро ќе стави потпис на нов договор со кој ќе се обврзи на верност кон „росонерите“ до 2025 година. Голманот годишно ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Новиот договор на Донарума е приоритет на раководството на Милан и се очекува голманот во наредните денови да стави потпис на новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол за 13 секунди и 31 победа во низа: Звезда не запира во Купот!

Црвена звезда го совлада Единство од Уб со 5:1, а Мирко Иваниќ го постигна најбрзиот гол в…