Дома Фудбал Донарума: Во Париз притисокот е поголем од Милано, играм во клуб кој сака да освои се

Донарума: Во Париз притисокот е поголем од Милано, играм во клуб кој сака да освои се

Џанлуиџи Донарума пристигна како големо засилување во редовите на ПСЖ, меѓутоа во Париз улогата на прв голман ја има Кејлор Навас.

Навас има повеќе настапи и бранеше во поважните дуели. Донарума сезонава настапи на 11 натпревари во сите натпреварувања. Од друга страна Навас настапи на 16 натпревари и од нив 11 беа во Лига 1 и три во Лигата на шампионите

Француските медиуми пишуваа дека има проблем во соблекувалната на ПСЖ поради таквата конкуренција, но Донарума тврди дека се е во ред.

„Нормално е да има конкуренција, Кејлор е мој пријател. Во Париз притисокот е поголем отколку во Милано, јас играм во клуб кој сака да освои се“, истакна италијанскиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Сараево: Последниот второлигаш го исфрли тимот на Зекиќ од Купот!

Само три дена по дерби-победата над Железничар, Сараево доживеа студен туш во Томиславград…