Дома Останати Кошарка Доминација на Јокиќ. Погледнете ја чудесната партија на српскиот центар

Доминација на Јокиќ. Погледнете ја чудесната партија на српскиот центар

НИКОЛА ЈОКИЌ доминираше под кошевите на натпреварот во кој неговиот Денвер Нагетс ги победи Голден Стејт со 119:103.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српскиот центар забележа трипл-дабл учинок на сите три средби по Ол-стар натпреварот, достигнувајќи го својот 18-ти таков учинок во сезоната и 122-ри во редовните натпревари. Овој трипл-дабл имаше посебно значење.

Јокиќ го заврши натпреварот со 32 поени, 16 скока и 16 асистенции во седмата последователна победа на Нагетс против Голден Стејт и 10-та во последните 11 натпревари.

Тоа беше негов трет трипл-дабл во кариерата со учинок од 30+ поени и 15+ скокови и асистенции и со тоа го надмина легендарниот Вилт Чембрлен.

Само Оскар Робертсон постигнал повеќе вакви ефекти од Јокиќ низ историјата на НБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Потрес во НБА: Јанис замина од Милвоки, познато и каде продолжува!

Јанис Адетокумбо ја напушти екипата на Милвоки Бакси и се сели во тимот на Мајами Хит. Как…