Дома Трансфер зона Додека сите чекаа напаѓач, Челси доведе бек од 26 милиони евра!

Додека сите чекаа напаѓач, Челси доведе бек од 26 милиони евра!

emerson

Веќе утре е промоцијата на второто засилување на „Стенфорд Бриџ“.

Во сенка на исчекување на заминувањето на Мичу Батшуаи и доаѓањето на Оливие Жиру, Челси ја завршува работата околу доведувањето на лев бек кој ќе биде алтернатива на Маркос Алонсо.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Последните вести од Италија гласат дека Челси конечно го договори трансфери на левиот бек, Емерсон Палмери од Рома и дека тој вечерва ќе допатува во Лондон, а веќе утре ќе следуваат прегледите и промоцијата на „Стенфорд Бриџ“.

Емерсон се очекуваше да пристигне во пакет со Един Џеко, но трансферот на Босанецот пропадна па Бразилецот сам ќе допатува во англискиот клуб. Рома како оштета веднаш ќе добие 20 милиони евра, додека дополнителни шест ќе бидат исплатени преку бонуси.

Овој фудбалер во Рома пристигна пред две години за само два милиони евра од редовите на Палермо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Винисиус одбил да потпише нов договор

Винисиус ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му пон…