Дома Трансфер зона Договорен трансферот на Алфонсо Дејвис – останува само уште една дилема!

Договорен трансферот на Алфонсо Дејвис – останува само уште една дилема!

Канадскиот лев бек Алфонсо Дејвис ќе стане нов играч на Реал Мадрид, тврди реномираниот „Атлетик“.

Пред десетина дена се појавија првите индиции дека постои вербален договор меѓу Реал Мадрид и Алфонсо Дејвис, а сега реномираниот„Атлетик“ го потврдува пишувањето на исто толку релевантниот „Релево“ кој на оваа тема пишуваше претходно..


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Она што е нејасно во моментов е дали Алфонсо Дејвис ќе дојде на Бернабеу на лето или тоа ќе биде во 2025 година кога ќе му истече договорот со Баерн.

Флорентино Перез би сакал што поскоро да го има во тимот, исто како и Карло Анчелоти бидејќи Ферланд Менди игра во променлива форма.

Реал ќе ја испита ситуацијата околу Дејвис и неговото евентуално доаѓање ова лето, што Баерн нема лесно да го прифати и сигурно ќе се обидат да извлечат што поголема сума.

Дејвис пристигна во Баерн во 2019 година од Ванкувер Вајткепс за 14.000.000 евра и за Баерн одигра над 180 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…