Еден од најсилните луѓе на планетата, Американецот Мартин Форд, неодамна потпиша договор со полската КСВ промоција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Форд одлучи да се проба во ММА водите.
Тој веќе започна со подготовките, па 204 сантиметри високиот Американец ќе има шанса да покаже што знае и во ММА рингот.
За противник доби исто така вистински ѕвер. Форд ќе се бори против „иранскиот Хулк“, Сеад Гариби, поранешен бодибилдер и борач.
Борбата помеѓу овие „чудовишта“ сигурно ќе привлече големо внимание. Треба да се спомене дека КСВ организацијата е позната по организирањето на чудни борби.
Планирано е овој настан да се случи во текот на 2019 година.