Дома Фудбал Репрезентации „Доведете го Мурињо за селектор на Англија“

„Доведете го Мурињо за селектор на Англија“

Со поразот од Белгија репрезентацијата на Англија ги изгуби шансите да биде прва во својата група.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Разочарани се навивачите, но и англиските медиуми, а поранешниот славен египетски фудбалер смета дека Герет Саудегејт не е човекот кој треба да ја води Англија.

„На Англија и е потребен вистински тренер. Со Герет само губат време. Да, во медиумите секогаш зборува коректно поради тоа и е долго на клупата, но верувајте треба промена. Се сеќавам во Миделсброу колку стравуваше додека се боревме за опстанок. Тоа му беше прва работа, но таквите работи не се менуваат. Ако се плашите од пораз, секогаш ќе се плашите и то се чувствува“, изјави Мидо.

Египетскиот напаѓач на Фудбалскиот сојуз на Англија предложи да го именува Жозе Мурињо за селектор.

„Мој совет е Фудбалскиот сојуз да го доведе Мурињо за селектор, а Саудгејт да биде шеф на сојузот. Двајцата се совршени за тие позиции“, заклучи Мидо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Инсајдер открива колку ќе заработува Модриќ ако остане во Милан

Лука Модриќ (40) во летото 2025 година го напушти Реал Мадрид откако му истече договорот и…