Дома Фудбал Останато Добри вести од Динамо: Нема потешка повреда кај Адеми!

Добри вести од Динамо: Нема потешка повреда кај Адеми!

Динамо Загреб објави дека не се работи за тешка повреда на бутниот мускул и задната ложа кај Адеми.

Адеми вчера беше заменет во 42. минута во натпреварот од квалификациите за Лугата на шампиони против Омонија. Низ хрватските медиуми се појави вест дека Адеми можно е да се здобил и со посериозна повреда поради која ќе го чека пауза од три месеци, но сепак за среќа тоа не е случај.

„Поради големиот интерес и после некои информации кои се појавија како нагаѓања од некои медиуми сакаме да информираме за ситуацијата околу капитенот. Адеми заработи мало оштетување на мускулот на десната нога и процесот на рехабилитација започна, клупската лекарска служба веќе работи и во зависност од тој процес ќе се дефинира времето на негово враќање. Денеска тој се чувствува многу подобро“, објавија од Динамо.

За ваквите повреди вообичаена е пауза од една до три недели и Адеми веројатно би бил на располагање на Динамо за натпреварот од третото квалификациско коло, реваншот со Омонија секако ќе го пропушти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aгуеро по трансферот во Барселона си купи ново „Ферари“ 📸

Искусниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро стана нов член на Барселона и веднаш реши да с…