Дома Фудбал Англија Добри вести за Ливерпул: Фирмињо ќе биде спремен за финалето

Добри вести за Ливерпул: Фирмињо ќе биде спремен за финалето

0

Напаѓачот на Ливерпул, Роберо Фирмињо, продолжи со тренинзи по залечување на повреда на колкот, пренесува „Скај спорт“.

Дваесет и седумгодишниот Бразилец поради повреда ги пропушти последните два меча, против Хадерсфилд во Премиер лигата и против Барселона во Лигата на шампиони.

Последните информации од Англија говорат дека Фирмињо тренира заедно со своите соиграчи и ќе му биде на располагање на Клоп за финалето од ЛШ кое на програмата е на 1-ви јуни.

Оваа сезона, Фирмињо настапи на 47 меча во сите натпреварувања, постигна 16 голови и запиша седум асистенции.

Неговото опоравување е од голема важност за тренерот, но и за целиот тим, бидејќи во нападот „црвените“ ќе можат да сметаат на ударното трио – Сачах, Фирмињо, Мане.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Не се бориме за опстанок, ниту за Европа, туку за Синиша Михајловиќ“

Играчите на Болоња повторно се спремни да се борат за Синиша Михајловиќ. Болоња оваа сезон…