Рахим Стерлинг ќе му биде на располагање на Пеп Гвардиола за дуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампиони, пренесуваат медиумите на Островот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Стерлинг ги пропушти последните три меча на „граѓаните“ поради мускулната повреда со која се здоби на мечот со Тотенхем.
Тој не беше дел од тимот за гостувањето кај Лестер во саботата, но ќе биде спремен за големиот меч против Реал Мадрид.
Инаку минатата недела Стерлинг даде интервју за мадридскиот
весник „АС“ и изрази задоволство што Реал е заинтересиран за неговите услуги.
„Во моментов сум во Сити и вистински сум среќен, но можам да
кажам дека Реал Мадрид е фантастичен клуб. Кога ќе го видите белиот дрес веднаш
знаете за што станува збор. Меѓутоа, имам договор со Сити и морам да го
респектирам“, изјави Стерлинг.