Мадридскиот весник Марка тврди дека Реал Мадрид ќе прави вистинска револуција во играчкиот кадар во текот на летото.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Челниците на Реал се свесни дека промените се неопходни како и да заврши сезоната, па во текот на летото ќе видиме значајни промени во играчкиот кадар на кралскиот тим.
Ќе дојде до промена на играчи на неколку позиции, а најизвесно е дека Реал ќе бара нов лев бек. Марсело веројатно ќе замине откако го загуби своето место во составот, а Менди не ги исполни целосно очекувањата на клубот, иако знаеше да има и добри игри оваа сезона.
Кој е првата мета на клубот? Една од желбите е Серхио Регилон. Реал претходното лето го продаде на Тотенхем за 45 милиони евра, но сега сака да врати назад. Тие се свесни дека продажбата беше грешка, исто како и случајот со Тео Хернандез кој игра одлично во Милан.
Реал моментално е втор во Ла Лига, а после победата над Алавес му се приближи на Атлетико на само четири бода.