
Анхел ди Марија ова лето сигурно ќе го напушти ПСЖ, а кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Серија А.
Веќе извесно време медиумите шпекулираат дека најсериозен интерес за него покажува Јувентус и Ди Марија може да се пресели во Торино како слободен агент.
Ди Марија со еден потег на социјалните мрежи ги засили шпекулациите, откако стави „лајк“ на новиот дрес на Јувентус.
Јувентус денес го промовираше дресот за следната сезона, а Аргентинецот даде до знаење дека му се допаѓа.
Медиумите овој потег го толкуваат како знак дека Ди Марија ќе го носи тој дрес следната сезона.