Анхел ди Марија ги прекина преговорите со Јувентус за продолжување на договорот, пренесуваат италијанските медиуми.
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и готово сигурно на лето ќе замине како слободен играч.
Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
35-годишниот Аргентинец е меѓу најдобрите играчи на „старата дама“ и се очекуваше да му биде понуден нов договор.
Меѓутоа, Јувентус има финансиски проблеми и сака да го подмлади тимот, па ги прекина преговорите со Ди Марија.