Дома Македонски спорт Мак фудбал Директорот на францускиот прволигаш го објасни трансферот на Влатко Стојановски

Директорот на францускиот прволигаш го објасни трансферот на Влатко Стојановски

0

Вчера како бомба одекна во македонската спортска јавност веста дека напаѓачот на Ренова, Влатко Стојановски се сели во Франција и тоа во најсилната лига во редовите на Ним.

Кога е сумата во прашање некаде се шпекулираше за износ од 1.5 милиони евра, но потоа се појави информација дека тој изнесува 300.000 евра.

Спортскиот директор на францускиот прволигаш, Лорен Боисие после објавувањето на веста за трансферот на Стојановски во француските медиуми зборуваше за македонскиот напаѓач и објасни зошто го доведуваат.

Според неговите зборови Стојановски се уште не е спремен за Лига 1, но е играч со голем потенцијал.

„Станува збор за вистински голгетер. Паметно играп ред голот и ги користи двете нозе, одличен е и во играта со глава. Она кое посебно ни се допадна е што е тој тимски играч и работи за тимот. Меѓутоа се уште не е подготвен за нивото на Лига 1. Луѓето во клубот ќе работат со него, убеден сум дека тој е играч со голем потенцијал и јас лично сериозно сметам на него во иднина“, изјави Боисие.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

БОМБА: Реал и ПСЖ сакаат да ја „изиграат“ Барса за Нејмар!

Сагата околу евентуалниот трансфре на Нејмар е главна тема откако Бразилецот јавно потврди…