Дома Трансфер зона Директорот на Наполи отпатува во Мадрид по Хамес!

Директорот на Наполи отпатува во Мадрид по Хамес!

0

Спортскиот директор на Наполи Кристијано Џунтоли допатува во Мадрид за да го финализира трансферот на Хамес Родригез, откриваат италијанските медиуми.

Двата клуба веќе подолго време се во преговори, Хамес му кажа ДА на италијанскиот клуб, па сега се договараат последните детали.

Напои сака да го донесе 27-годишниот Колумбиец на позајмица со опција и да го откупи неговиот договор следното лето.

„Сакаме да играме квалитетно, нашиот тим е навикнат на ваков тип на фудбал. Хамес е играч кој добро го познавам, би ни донел голем квалитет. За жал, тој во моментов не е играч на Наполи“, изјави Карло Анчелоти.

Во моментов се договараат последните детали од трансферот кој вкупно ќе изнесува 42 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Два англиски гиганти се „тепаат“ за Пјонтек

Криштоф Пјонтек минатата сезона беше сензација во Серија А и во јануари направи трансфер в…