Дома Останати Димитров со пресврт до финале во Лондон

Димитров со пресврт до финале во Лондон

Бугарскиот тенисер Григор Димитров успеа да се пласира во финалето на завршниот Мастерс откако синоќа во второто полуфинале со пресврт го совлада Американецот Џек Сок со 2:1 во сетови.

Тој со четири победи на турнирот се избори за своето петто финале годинава, што е негов најголем успех во кариерата.

Американецот Сок го доби првиот сет со 6-4 во гемови, но Димитров се врати во игра откако вториот сет го доби со 6-0. Во решавачкиот сет беше 6-3 за Димитров.

Во финалето негов ривал ќе му биде Давид Гофин од Белгија кој направи изненадување со триумфот на шесткратниот победник на Мастерсот Швајцарецот Рожер Федерер.

Досега Димитров и Гофин имаат одиграно пет мечеви, а резултатот е 4:1 за Димитров, кој убедливо победи и на мечот одигран на овој Мастрес во рамките на групата со 2:0 во сетови (6-0 и 6-2 во гемови).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Зверев дојде до полуфиналето на УС Опен, урна и рекорд на Борис Бекер

Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на САД Опен откако го совлада Ботик ван де …