Дома Фудбал Димитриевски четврти голман во Европа

Димитриевски четврти голман во Европа

Шпанска „Марка“ денес објави текст во кој ги рангираше голманите во топ 5 првенства според статистичкиот учинок, а на високото четврто место на оваа листа се најде македонскиот голман Столе Димитриевски.

Димитриевски брани во топ форма и е еден од најзаслужните што Рајо е на четвртата позиција во Ла Лига. Со одличната форма Димитриевски стана и една од главните теми во Шпанија, а се пишуваше и за интерес од Барселона.

На врвот на листата на „Марка“ пред Димитриевски се Давид Де Геа (Манчестер Јунајтед), Хозе Са (Вулверхемптон) и Мануел Рајман (Бохум).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мана призна грешки во Наполи: Се трошеа пари, а сега следуваат јануарски поправки

Спортскиот директор на Наполи ја прифаќа критиката за трансферите и најавува интервенции в…